
Ќерката на Марадона во центарот на нов скандал, и го украде дечкото-фудбалер на својата најдобра пријателка
Џанина Марадона, ќерката на легендарниот Диего Марадона има ново момче. Станува збор за поранешниот италијански репрезентативец Дани Освалд, кој дел од кариерата помина и во Бока Јуниорс, омилениот тим на Марадона кој токму заедно со неговата ќерка Џанина често ги следеше натреварите на „Бомбоњера“.
Врската на Џанина и Дани Освалдо е потврдена и на социјалните мрежи, но се очекува набрзо да предизвик многу контроверзи. Причината за тоа е што Освалдо до неодамна беше во врска со Химена Барон, која е една од најдобрите пријателки на Џанина.
Препорачано
View this post on Instagram
– Понекогаш не ми е грижа ниту за моето мислење, а можете да замислите што мислам за вашето. Виртуелната завист постои. Дали знаете и вие луѓе кои би сакале да го живеат вашиот живот. Вашите насмевки стануваат вистинска ноќна мора на таквите луѓе – одговори Џанина на критиките дека и го украла момчето на својата пријателка.
На Џанина не и се непознати врските со фудбалерите, таа беше во брак со напаѓачот на Манчестер сити, Сергио Агуеро. Тие се венчаа во 2008 година, а се разведоа 2012 година.