Ќерката на Ким Бесинџер и Алек Болдвин нападната и ограбена: Ова се тешки времиња и треба да се чуваме едни со други (ФОТО)

Арјланд Болдвин, 23-годишната манекенка и ќерка на холивудските ѕвезди Алек Болдвин и Ким Бесинџер, како што тврди, била брутално нападната и ограбена.

Инцидентот се случил на паркиралиште, кога некоја жена физички ја нападнала Арјланд и ја удрирала по лицето. Потоа ѝ ги украла работите што ги носела и побегнала во колата што ја чекала.

Манекенката сликата од помодреното лице ја сподели на Инстаграм и опиша што точно ѝ се случило.

„Вчера во доцните попладневни часови ме нападна жена под дејство на дрога и очајна да набави пари. Ме удираше по лицето, ми ги зема работите и побегна во колата, во која ја чекаше сопругот“, напиша во објавата Арјланд.

Потоа додаде дека полицијата го решила случајот, а нејзе ѝ помогнале луѓето кои се нашле во близина.

„За среќа, имаше сведоци кои ми помогнаа. Полицајците ми рекоа дека тоа често се случува, бидејќи луѓето се очајни и немаат пари затоа што поради коронавирусот останале без работа. Има многу кражби“, напиша Болдвин.

„Ова го објавувам за да ве потсетам да бидете внимателни и да внимавате на тоа што се случува околу вас. Ова се тешки времиња и треба да се чуваме едни со други“, пораша Арјланд.

Instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот