Кендал Џенер Девин Букер, Фото: Instagram

Кендал Џенер и НБА ѕвездата Девин Букер раскинаа по двегодишна врска

Кендал Џенер и НБА ѕвездата Девин Букер наводно раскинале по двегодишна врска. Иако парот неодамна беше забележан на свадбата на сестрата Кортни Кардашијан и Тревис Баркер, тие сега наводно раскинале, пренесува „ET“.

Извор за американските медиуми изјавил дека манекенката и спортистот разговарале за својата иднина, но немаат исти ставови.

„Кендал се чувствува како да се на различни патишта“, рече изворот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Devin Booker (@dbookshow)

Џенер првпат беше видена со Букер во 2020 година за време на патување во Седона, Аризона. Тие ја потврдија својата врска на Денот на вљубените 2021 година, кога ги споделија своите први заеднички фотографии на „Инстаграм“. Потоа, во јуни 2021 година, тие ја прославија својата годишнина. Кендал отсекогаш ги криела своите врски од очите на јавноста, па нејзината врска со Букер не беше исклучок.

„Кендал често го посетуваше во Феникс. Откако Девин ја заврши сезоната, тој остана со Кендал во Лос Анџелес. Целото лето го поминаа заедно, па дури и беа на одмор со Џастин Бибер и Хејли Бибер. Тие сè уште се млади, но сите навиваат за нив. Тие се одличен пар“, додал изворот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот