Фото: EPA/ANDREJ CUKIC

Кејн: Ако бидеме навредувани во Белград, ќе постапиме исто како против Бугарија во 2019 година

Вечерва во Белград на стадионот „Рајко Митиќ“ ќе се соочат селекциите на Србија и Англија во рамките од квалификациите за Светското првенство, а пред овој натпревар капитенот на Англичаните, Хари Кејн зборуваше и за можните расистички навреди од трибините.

Напаѓачот на Баерн Минхен истакна дека е свесен за таквата можност и во репрезентацијата на „Гордиот Албион“ веќе разговарале на таа тема.

„Разговаравме за можните сценарија. Не сакаме да му даваме големо внимание на тоа, но ако се случи нешто, знаеме како ќе постапиме, исто како што направивме и во Бугарија во 2019 година“, изјави Кејн.

Натпреварот за кој зборува Кејн се играше во Софија и во него Англија победи со 6-0, но дуелот двапати беше прекинуван поради скандалозните скандирање. Бугарскиот фудбалски сојуз подоцна заработи и казна од УЕФА.

Терминот за натпреварот вечерва е 20:45 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот