Фото: Архива на СП

Ќе важи од 1 јануари во 2023 година: Владата го усвои Предлог-законот за буџети

Владата на денешната редовна седница го разгледа и усвои Предлог-законот за буџети со цел имплементација на реформите во процесите на планирање и извршување на буџетот, зајакнување на фискалната дисциплина, стабилни фискални проекции за среднорочен период, интегрирање на процесите во јавните финансии и подобрена транспарентност.

Во соопштението од владината прес-служба стои дека со оглед на тоа што постојниот Закон за буџети е од 2005 година, со новиот Предлог-закон се предвидени неколку дополнителни измени и допрецизирања и со него се уредени постапките за изготвување, донесување и извршување на Буџетот на Република Северна Македонија и буџетите на единиците на локалната самоуправа и Град Скопје, како и известување за извршување на буџетот.

Седница на Влада: Измените и дополнувањата на Законот за акцизи прифатени по скратена постапка

Потребата за изработка на целосно нов Закон, како што наведуваат, е со цел подобрување на управувањето со јавните финансии и зајакнувањето на среднорочното буџетирање како еден од најголемите приоритети на Владата на Република Северна Македонија, како дел од процесот за пристапување во Европската Унија.

Констатација на седница на Владата: Резултатите од последниот квартал покажуваат излез од економската криза

Новиот Закон за буџети, кој треба да важи од 1 јануари 2023 година, се вклопува во концептот СМАРТ финансии, односно истиот е со цел да обезбеди рамка за водење здрава, предвидлива и одржлива фискална политика како и зголемување на буџетската дисциплина и одговорност и ќе биде доставен во собраниска процедура.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!