Казнети 162 пешаци за преминување улица надвор од пешачки премин

Министерството за внатрешни работи, вчера во периодот од 14 до 18 часит спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците, при што се санкционирани 182 пешаци, информираат од МВР.

Од вкупниот број казнети, 162 се санкционирани за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, а 14 за минување на црвено светло.

– Од нив 70 на територија на СВР Скопје, 26 на територија на СВР Штип…За време на контролата регистрирани се и 118 останати прекршоци, велат од МВР.

Од таму додаваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници, информираат од МВР.

Во еден ден казнети 953 возачи за брзо возење

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот