Токаев-Путин/ Фото EPA-EFE/Russian Presidential Press Office /

Казахстан ќе ги заштити Русите кои бегаат од мобилизацијата, вети Токаев

Претседателот на Казахстан Касим-Жомарт Токаев денеска даде уверување дека неговата земја ќе ги заштити Русите кои бегаат во Казахстан за да ја избегнат моменталната мобилизација во Русија.

„Последниве денови многу луѓе доаѓаат кај нас од Русија. Повеќето се принудени да заминат поради безизлезната ситуација. Треба да се грижиме за нив и да се погрижиме да бидат безбедни”, рече Токаев кој е сојузник на Москва, но се огради од Кремљ од почетокот на руската офанзива во Украина.

Казахстанскиот претседател истовремено повторно го осуди конфликтот во Украина и повика на почитување на територијалниот интегритет, во мигови кога Русија организира референдуми за припојување четири украински региони.

„Територијалниот интегритет на државата треба да биде неотуѓив, тоа е клучен принцип. Во нашето непосредно соседство се води голема војна. Треба да го запомниме тоа, мислејќи пред се на нашата безбедност”, рече Токаев.

Поранешната советска република во Централна Азија е сојузник на Русија и членка на економската и царинската унија со Русија, а исто така има добри односи со Западот и со Кина.Руската офанзива во Украина го разбуди стравот кај некои во Казахстан дека и тој би можел да стане цел на руските амбиции, пред се поради долгата граница со Русија и бројното руско малцинство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот