КАЗА БАР, општествено одговорен угостителски објект во срцето на Дебар Маало

Неодамна на нашиот официјален инстаграм-профил @slobodenpecat, сосема спонтано и автентично – на ваше барање, а на наше задоволство – започнавме иницијатива за поголема видливост на традиционалните медиуми преку понуда за читање весници во македонските угостителски објекти.

Еден од угостителски објекти кои се приклучија на иницијативата е култниот скопски бар Каза бар (Casa Bar) во срцето на Дебар Маало, а во продолжение ќе дознаете повеќе зошто Каза бар е омилено место на многу локалци, но и туристи.

Каза бар – динамично, култно место кое секогаш има што да понуди

Кога зборуваме за Дебар маало, неизбежно е да се зборува за Каза бар – место кое организира разновидни културни, забавни и гастрономски настани, но и домаќин на стари Скопјани кои утринското кафе го пијат баш тука.

Скопскиот угостител Стојан Филиповски, сопственик на ресторанот „Воденица“ чита Слободен печат во Каза бар.
Утринска гимнастика во Каза бар со Скандинавски крстозбор во весникот Слободен печат.

Каза бар е присутен веќе 12 години на скопската угостителска сцена, а за динамиката на нивното постоење и долгата листа на настаните на кои биле домаќини, сметаме дека е невозможно да се вклопи во само еден текст.

Aтмосфера на терасата во Каза

Духот на местото вибрира позитивна и пријателска атмосфера, па затоа да се „фати“ место за пијалок на пространата маса во сончевите периоди од годината знае да биде вистински предизвик.

Доаѓањето на пролетта во Каза се празнува со ново, сезонско мени, па така, наскоро есенско-зимското мени ќе биде заменето со про(летно) и на редовната понуда ќе „пркнат“ и нови, одлични опции за пијалоци.

Промоција на ново коктел мени

Кога сме кај пијалоците, навистина не’ импресионира тоа што со нас го сподели тимот на Каза – во ова место се одвојува големо внимание и посветеност на унапредување на вештините вработените!

Тимот на Каза бар во Атина

Со цел да понудат одлични опции за пијалоци, Каза бар редовно овозможува патувања на својот тим за посета на регионални и светски бар-шоуа. Така, неодамна дел од тимот посетил бар-шоу во Атина, а во Скопје, освен со знаење, тимот се вратил инспириран за нов коктел-пијалок кој е достапен на менито и може да го вкусите – побарајте го под името „Атина“ (Athens).

Каза бар ги отвора и своите врати за сите млади кои сакаат да бидат дел од тимот.

Тимот на Каза е полн со млади луѓе кои го прават она што е – енергично место

Каза е препознатлива и по своите „флегшип“ (flagship) настани, па така, Скопјани итаат на веќе традиционалното првомајско празнување во Каза, која најдомаќински, на сметка на куќата ги пречекува своите гости со скара од култните Џоџос барбикју (Jojo’s BBQ) и пиво!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Casa Bar Skopje (@casabar_skopje)

Голем интерес има и за нивните новогодишни забави, но долго се зборува и за забавите под маски, па доколку уживаш во маскирањето, ова е локацијата на која сакаш да бидеш на Први април и Ноќта на вештерките (Halloween).

Halloween / Први април во Каза

Чекај, имаме уште за споделување!

Погоре споменавме за тоа колку важно се перцепира културата на добар пијалок во Каза бар, меѓутоа мора да спомнеме за еден од многуте концепти на ова место. Штом настапи пролетта, секоја среда Каза бар станува домаќин на бармени од други барови низ Скопје, и тој ден, по промотивна цена, се пијат гостински коктели, целосно автентични на барот од кој доаѓаат. Од Каза бар велат дека ги поттикнуваат гостите да ги вкусат гостинските коктели, а со цел поголема видливост и унапредување на скопската бар-сцена и поголема видливост на талентираните локални бармени. Кул!

Серијал #GuestBartendays – гости бармени

Исто така, Каза бар е голем поборник за поддршка на локалната сцена, па во текот на сончевите периоди во годината, викендите се резервирани за Супорт локал (Support Local) настани. Од штандови за локални рачни изработки до облека и храна, се чини дека тимот на Каза бар е константно фокусиран на тоа да понуди одлична атмосфера за сите генерации.

Серијал #GuestBartendays – гости бармени

Во Каза бар има и тематски месеци на храна, па некогаш е месец на бургерот, некогаш на паста… Значи, во Каза бар може да се вкуси од такос до суши. Не ни ги споменавме сите истакнати моменти на Каза бар, но веруваме дека ви стана јасно дека Каза бар е место за сите генерации, со внимателно подготвена агенда, јасна цел и визија.

Од суши до скара, пица, такос – Каза бар е домаќин на одлична храна

Каза бар е место во кое до 11 часот ќе се сретнете со „старите фраери“, во претпладневните часови ќе сретнете млади лица, навечер ќе споделите пијалок во опуштена атмосфера… или не, зависи кога доаѓате – затоа што Каза бар го има она што го бараат сите.

ЛОКАЦИЈА: Ѓуро Ѓаковиќ 66, спроти Министерство за култура
РАБОТНО ВРЕМЕ: Секој ден од 08:00 – 01:00

СЕ ЧИТАМЕ ВО КАЗА БАР!

 

Тука се чита весникот Слободен печат: МАПА на општествено одговорни угостителски објекти низ Македонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот