Запорожје/ Фото EPA-EFE/RUSSIAN EMERGENCIES MINISTRY

Катастрофа на хоризонтот: Нуклеарната централа Запорожје е без надворешно напојување седми ден!

Најголемата нуклеарна централа во Европа, Запорожје, во Украина, е без надворешно напојување седми ден, а украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека катастрофа од големи размери е неизбежна. Зеленски рече дека ова е „закана за апсолутно сите“. Тој ја нарече ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје „критична, вонредна“.

„Еден генератор веќе откажа, ова е закана за апсолутно сите. Нуклеарната централа Запорожје е во вонредна состојба веќе седми ден. Ситуацијата е критична. Поради руското гранатирање, електраната е исклучена од системот и без струја. Моментално, таа добива електрична енергија од дизел генератори. Генераторите и самата електрана не се дизајнирани за овој режим на работа и никогаш не функционирале во овој режим толку долго“, рече Зеленски.

Тој додаде дека еден генератор веќе откажал. Со гранатирањето, Русите спречуваат поправка на далноводот до електраната и враќање на основната безбедност. А тоа е закана за апсолутно сите. Ниту еден друг терорист во светот никогаш не се осмелил да го направи на нуклеарна централа она што Русија го прави сега.

„И правилно е светот да не молчи за ова“, рече Зеленски во видео обраќање. МААЕ ја потврдува сериозноста на ситуацијата. Шефот на Агенцијата за атомска енергија на ОН, Рафаел Гроси, вчера потврди дека нуклеарната централа Запорожје е без надворешна енергија речиси една недела. Електраната во југоисточна Украина е под руска контрола уште од првите недели од војната, а двете страни постојано се обвинуваат меѓусебно за гранатирање и загрозување на нуклеарната безбедност“, објави СЕЕ.биз.еу.

Гроси, генерален директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), напиша на X дека се сретнал со украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибих во Варшава и разменил мислења за централата. Тој додаде дека МААЕ работи на тоа да се осигури дека електричната енергија ќе биде повторно воспоставена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот