Газа/Фото: EPA-EFE/HAITHAM IMAD

Катар: Треба да се разработат уште многу детали од планот на Трамп за Газа

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Катар денес изјави дека треба да се разработат уште многу детали кога станува збор за планот од 20 точки на американскиот претседател Доналд Трамп за Појасот Газа.

Тој нагласи дека Катар и САД тесно соработуваат за да се договорат за спроведување на прекин на огнот кој нема да биде само привремен, објави Ројтерс.
Тој додаде дека е прерано да се зборува за алтернативи доколку планот на Трамп не успее.

„Во моментов постојат пречки за планот на Трамп, а тие вклучуваат спроведување“, рече портпаролот, додавајќи дека е прерано да се зборува и за отворање канцеларија на Хамас во Доха.

Белата куќа на САД претходно објави дека Трамп сака сите страни брзо да постигнат договор за условите за ослободување на заложниците во Појасот Газа.

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, изјави дека техничките разговори што моментално се водат во Египет, во кои учествуваат специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, и зетот на Трамп, Џаред Кушнер, се фокусираат на деталите за ослободувањето на заложниците.

Неименуван функционер за Си-Ен-Ен изјави дека се очекува разговорите да траат неколку дена и дека во нив ќе учествуваат посредници од САД, Катар, Египет и Турција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот