Катар бомбардиран од страна на Израел - Извор Х

Катар свика итен арапско-исламски самит поради израелскиот напад во Доха

Катар ќе свика итен арапско-исламски самит за да разговара за израелскиот напад врз лидерите на Хамас во Доха, објави државната новинска агенција QNA.

Самитот ќе се одржи во главниот град на Катар во недела и понеделник, објави Ројтерс.

Постојаната мисија на Јужна Кореја, која претседава со Советот за безбедност на ОН во септември, соопшти дека телото ќе се состане во вторник за да разговара за израелскиот напад врз Катар.

Израел изврши напад врз лидерите на Хамас во Доха, Катар, во вторник попладне.

Израелските медиуми објавија дека нападот бил извршен со употреба на 15 израелски воени авиони, кои испукале 10 ракети кон една цел.

Хамас соопшти дека петмина негови членови се убиени, но рече дека неговото врвно раководство преживеало.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот