
Карла Бруни одговори на интимните прашања – Претерував со алкохолот, карантинот ми помогна да се одвикнам
Италијанската кантавторка Карла Бруни (52), поранешна манекенка и прва дама на Франција, која многумина ја нарекуваа „јадачка на мажи“, за британски „Телеграф“ зборуваше за приватниот живот.
Препорачано
Карла и поранешниот француски претседател Николас Саркози (65) стапија во брак во 2008 година, во првата година од неговиот мандат во Елисејската палата.
Времето поминато во карантин бил предизвик за неа и за Николас.

– Порано ретко се гледавме преку ден, а сега имав можност да го видам како дремнува во 15 часот. Tоа беше тест за нас. Но, тој ја напиша книгата – вели Карла и открива дека не биле сами.
– Имавме полна куќа, со нас беше и ќерката Џулија, која во октомври ќе наполни 9 години, мајка ми, но и неговата сестра. Мајка ми има 91 година. Италијански затвор. Боже, за малку ќе се убиевме! – искрено рекла Карла, смеејќи се.

Карла се откажала од алкохолот за време на карантинот.
– Кога пијам, претерувам. Размислував, ако го поминам карантинот со алкохол, готова сум. Не знам како да бидам умерена – рекла таа.

На прашањето дали нејзиниот сопруг го сака алкохолот, таа дала интересен одговор:
– Тој во животот не испил ниту капка алкохол. Страда од силни главоболки, а кога бил помлад стравувал како би можел да реагира на алкохол. Така што, не е свесен за позитивните страни на алкохолот – одговорила Карла.

Таа открила како успеале да ја одржат страста во куќа полна со луѓе.
– Имаме голема куќа на југот на Франција. Имаме простор за работа, мали места каде што тој можеше да пишува, а јас да создавам музика. За љубов имавме спална соба, со катанец и дебели sидови – смеејќи се рекла Карла.
