
Каратистот Павлов олимписката виза ќе ја брка во март идната година
Квалификациските турнири за обезбедување пласман на Олимписките игри во Токио ќе се организираат во март и април идната година.
Пандемијата на коронавирусот ги одложи Олимписките игри во Токио за наредната година и со тоа освен организаторот, на маки ги стави и спортистите кои сè уште имаат шанса да обезбедат олимписка виза, а меѓу нив е и најдобриот македонски каратист Емил Павлов.
Препорачано
Нашиот каратист е многу близу до остварување олимписка норма за учество на Игрите во Токио, а тоа го покажа со настапите на турнирите од Премиерлигата каде освои две злата во во Москва и во Салцбург.
ЛОИ во Токио се одложени за идното, додека квалификациските турнири во повеќето спортови, а меѓу нив и каратето ќе се одржат во март и април идната година.

Павлов го очекуваат настапи на три натпреварувања преку кои ќе има шанса да стане вториот македонски спортист со обезбедена олимписка норма, по борачот Могамедгаџи Нуров.
– За оваа 2020 година останаа три големи турнири и натпреварувања, Европското првенство, последниот турнир од Премиер лигата во Рабат, Мароко и квалификацискиот олимписки турнир во Париз, но сите тие се презакажани за идната година. Моите информации се дека од март 2021 година ќе се вратиме на настапите и се надевам дека успеам да обезбедам олимписка норма – вели Павлов.
Најдобриот македонски каратист не ги прекина тренинзите поради пандемијата на коронаворурсот, но сепак тренира со намален интензитет.
– Не правев пауза за време на пандемијата, тренирав но не со толкав интензитет како претходно. Моментално тренирам со неколку колеги од клубот, но коронавирусот не ни дозволи да се собереме како репрезентација. Се надевам дека ќе можеме да организираме камп бидејќи потребни ни се тренинзи, квалитетни борби за да бидеме што поподготвени како репрезентација и јас како кандидат за ОИ, за искушенијата кое не очекуваат идната година – додава Павлов.