Капини / фото: freerangestock.com/

Капини од Србија повлечени од продажба во Шведска и Данска, пронајден е норовирус

Шведска и Данска повлекуваат од пазарот капини по потекло од Србија поради присуство на норовирус, објави Европскиот систен за брза узбуна и известување за храната.

Капините се повлечени од пазарот на Данска, со оглед на тоа дека овошјето е дистрибуирано и во други земји на ЕУ.

Шведска објави дека норовирус е откриен во примерок земен при официјалната пазарна контрола на 13 ноември, пренесува Н1.

Како што е наведено, ризикот по здравјето е сериозен. Норовирусот е еден од најчестите вируси кои предизвикуваат стомачни тегоби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот