Канзас и Сан Франциско ќе играат во 54. издание на Супер Боул

Сан Франциско и Канзас сити ќе играат во 54. издание на популарниот Супер Боул откако двете екипи славеа во финалињата на своите конференции.

Играчите на Сан Франциско во финалето на Националната конференција го декласираа Грин Беј пекерс со 37:20. Тие целата работа ја завршија во првото полувреме кое го добија со дури 27:0, а блескаше ранинг бекот, Рахим Мостерт кој оствари четири тач дауни.

Противник на Сан Франциско во најгледаниот спортски настан во САД, ќе биде Канзас сити кој во финалето на Американската конференција го совлада Тенеси Тајтанс со 35:24.


Популарниот Супер Боул ќе се одржи на 2 февруари во Мајами на „Хард Рок“ стадионот, а на полувремето навивачите ќе ги забавуваат Шакира и Џенифер Лопез.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!