Фото: „Вечер“

Кандидат за Скопје најавува пет градски дискотеки под капата на МКЦ и референдум за враќање на „старото име Скупи“

Државниот службеник Драган Николовски првпат се јавува во улога на кандидат за градоначалник, во име на група избирачи. Во интервју за „Вечер“ тој за себе наведува дека има тридецениско искуство во спроведувањето информатичко-технолошки проекти, дека работел и во филмската и во телевизиската продукција и дека им помага на сите што му побарале помош, колку што може.

Николовски има необичен предлог – тој вели дека ќе се залага за организирање референдум на кој жителите на главниот град би одлучувале за враќање на, како што вели, старото име на градот – Скупи.

„Сите почнати, но недовршени капитални инвестиции, и од проектот визија СК14 и од претходно (панорамско тркало, лунапарк, транспортен центар и др.), соодветно ќе се завршат. Жителите ќе бидат прашани дали да го врати градот старото име Скупи/Skupi“, вели Николовски.

Во врска со мерките што може да ги преземе како градоначалник за задржување на младите луѓе во Скопје, Николовски исто така има интересна идеја. Вели дека ќе поддржи формирање на пет нови „градски дискотеки“ и осум кабареа под капата на Младинскиот културен центар (МКЦ).

„Еден (концепт, н.з.) е рестартирање на комплексот „Езеро Треска“ со темелна реконструкција, рестартирање на Аквапаркот, формирање повеќе патеки за мотоспортски активности, основање пет градски дискотеки и осум кабаре-клуба под капата на МКЦ, изработени по сите потребни безбедносни и соодветни стандарди. Киното „Култура“ ќе биде ново градско кино. Отворени кина, градски плажи на реката Вардар. Укинување на задолжителното средно образование и укинување на државното финансирање на високото образование по сите основи, истовремено поттикнување на приватното финансирање на образованието на сите нивоа“, вели Николовски во интервјуто за „Вечер“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот