Зеленчук во маркет / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Канцероген тежок метал откриен во зеленчук од Босна и Херцеговина

Исклучително штетен тежок метал е откриен во зеленчук од Босна и Херцеговина. Според европскиот Систем за безбедност на храна (РАСФФ), во кромид од БиХ е пронајден кадмиум. Во двете земени мостри беше одредена вредност од 0,056 мг/кг кадмиум. За среќа, сè се случило на хрватската граница, па кромидот не завршил на полиците на нашите продавници. Инспекторите ја одбиле пратката на тој зеленчук и го вратиле назад во Босна и Херцеговина.

Кадмиумот, инаку, е исклучително токсичен и канцероген за луѓето, а најмногу ги погодува белите дробови, срцето, црниот дроб и коскените ткива. Се акумулира во телото и се излачува тешко и долго време. Во секојдневниот живот, пушачите на тутун се најмногу изложени на кадмиум: една цигара содржи околу 2 микрограми кадмиум, а 2 до 10 проценти од тој кадмиум се пренесува преку чад од тутун, предупредува Даница.хр.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот