Билборди / Фото: Слободан Ѓуриќ - Слободен печат

Кампањата за Локалните избори влегува во последните десет дена, партиите продолжуваат со своите активности на терен

На единаесеттиот ден од изборната кампања за Локалните избори 2025, кои ќе се одржат на 19 октомври, политичките партии, коалициите и независните кандидати продолжуваат со претставување на своите програми и кандидати пред граѓаните. Денеска се најавени митинзи и директни средби во повеќе општини низ државата.

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе ги претстават своите кандидати во Зелениково, Илинден, Центар и Кисела Вода, додека СДСМ ќе најавија активности во Демир Капија, Росоман, Кавадарци и Неготино.

Левица, исто така, ќе се обрати пред граѓаните во Росоман и Кавадарци каде ќе се обратат претседателот на ПП Левица, Димитар Апасиев, пратеникот Сашко Јанчев, носителите на листа, Влатко Трајков и Круме Богевски и останатите кандидати за советници.

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, ќе се обрати на прес-конференција што ќе се одржи во 11 часот во Општина Центар, пред Лимак.

Додека, кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од редовите на Националната алијанса за интеграција (НАИ), Бујар Османи, ќе се обрати на прес-конференција на паркингот кај Пластичарска, во близина на Бурдем 2 со почеток во 12 часот.

Кампањата официјално завршува на 17 октомври на полноќ, по што следува изборниот молк пред гласањето на 19 октомври. Вториот круг е закажан за 2 ноември.

Ова се осми локални избори од независноста на државата, а четврти на кои се избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје.

На 3.480 избирачки места ќе се гласа за 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за општински совети – вкупно 10.490 кандидати.

На изборите учествуваат 22 партии, 19 коалиции и 119 независни кандидатури.

Најмногу кандидати за градоначалници има за Градот Скопје – 16.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот