Избори во Северна Македонија / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Кампањата за локалните избори продолжува: ВМРО-ДПМНЕ на митинг во Гостивар и Тетово, СДСМ во Дојран и Гевгелија, Левица во Неготино

Претставувањето на кандидатите за градоначалници и советници во рамки на кампањата за локалните избори 2025 продолжува и денеска, а во фокусот на митинзите се обраќањата на лидерите на најголемите партии.

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денеска ќе одржат средби со граѓани и митинзи во Маврово, Ростуше, Гостивар и Тетово.

Предизборниот караван на СДСМ е во Дојран Богданци, Гевгелија и Валандово.

Од Левица за денеска најавија средба со граѓани во Неготино на која ќе присуствуваат лидерот на партијата Димитар Апасиев, пратеникот Сашко Јанчев, носителот на листа, Никола Ламбев, и останатите кандидати за советници.

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски ќе одржи прес-конференција во Општина Бутел, а од ГРОМ – Граѓанска Опција за Македонија, пак за денеска планираат работен медиа брифинг со цел одблиску и поопширно запозавање со програмата на Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на град Скопје од коалицијата „Искуство за успех“.

Изјави за медиумите ќе имаат и Каја Шукова, кандидатка за градоначалничка на Скопје од СДСМ и Коалицијата и Влатко Митовски – кандидат за градоначалник на општина Гази Баба.

Според најавите, прес-конференција ќе има и кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ на која ќе го презентира целосното решение за јавниот превоз во Скопје, како и потпретседателот на ДУИ Арбер Адеми, кандидатот за градоначалник на општина Куманово, Селвер Ајдини, и кандидатот за градоначалник на општина Бутел, Исамедин Азизи.

Прес-конференција е најавена и од страна на кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од редовите на Националната алијанса за интеграција (НАИ), Бујар Османи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот