фото: EPA-EFE/Alberto Estevez

Камп Ноу e сè уште затворен

Фудбалерите на Барселона нема да се вратат на „Камп Ноу“ уште долго време. Иако беше најавено дека реконструкцијата ќе биде завршена до почетокот на сезоната, се доцни и стадионот не е подготвен.

Поради тоа, клубот беше принуден да ја откаже традиционалната пријателска средба за Трофејот „Жоан Гампер“, која требаше да се одигра оваа недела на обновениот стадион.

Според „Марка“, новиот план е Барса да се врати на „Камп Ноу“ на 14 септември, но со намален капацитет од само 30.000 гледачи. Пред реновирањето, стадионот собираше до 90.000.

Целосното завршување на работите не се очекува пред крајот на новата сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот