PLANET PHOTOS / Planet / Profimedia

Камерон Дијаз успева да ја одржи страста во бракот на необични начини

Холивудската двојка Камерон Дијаз и Бенџи Маден повторно беа видени заедно во јавност, за прв пат по една година, што повторно предизвика интерес за нивната необична, но успешна љубовна приказна. Холивудската актерка (53) и музичарот од бендот Гуд Шарлот (46) се во брак од 2015 година, а заедно имаат две деца – синот Кардинал и ќерката Радикс.

Нивната врска отсекогаш ја интригирала јавноста, меѓу другото, и поради отворените изјави на Камерон Дијаз за бракот и интимноста. Актерката постојано нагласуваше дека верува дека спиењето во одделни соби, па дури и во одделни куќи, треба да биде нешто сосема нормално.

ABACA / Abaca Press / Profimedia

Гостувајќи во поткаст во 2023 година, таа ги шокираше водителите со замислите за „куќа во средината“ наменета исклучиво за семејни собири, додека секој од сопружниците би спиел во сопствен дом.

Притоа таа јасно стави до знаење дека таквата организација не важи за нејзиниот брак со Бенџи Маден. Напротив, Камерон редовно ја нагласува важноста на физичкиот контакт и блискоста во врската. Уште во 2010 година, во интервју за Плејбој, таа се опиша себеси како „примитивна“ кога станува збор за страста и истакна дека особено ги сака интимните моменти под отворено небо.

Dimitrios Kambouris / Getty images / Profimedia

За интимата зборува со необична искреност. За време на гостувањето во емисијата „Chelsea Lately“ во 2014 година, таа потсети колку е важно да се разбере анатомијата и да се биде едуциран за сексот, живописно опишувајќи ја вагината како „цвет што треба да се негува и храни“.

Освен физичката блискост, двојката придава големо значење на разговорот и заедничката работа на бракот. Дијаз во поткастот на нејзиниот зет Џоел Маден откри дека таа и Бенџи се големи поборници за терапија, која им помага да ги избегнат рутинските и повторувачките обрасци на однесување.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот