
Камерата за рикверц е најновиот тренд меѓу крадците на делови од автомобили
Кражбата на делови од автомобили станува сè посериозен проблем, а најновиот тренд кај крадците е камерата за рикверц. Овие камери, познати и како камери за паркирање, често страдаат во сообраќајни несреќи или за време на паркирањето, поради што нивната побарувачка на црниот пазар вртоглаво порасна. Сопствениците на „рено каптур“ се особено изложени на ризик, бидејќи камерата е скриена во задното лого на автомобилот.
Препорачано
Крадците често го крадат задното лого, кое не само што ја претставува ознаката на производителот, туку ја содржи и камерата. Овој дел стана популарен плен за крадците бидејќи лесно се отстранува и може да се користи на многу модели на автомобили. Причината за овие кражби не е само високата цена на службените делови туку и фактот што камерите се компатибилни со други возила. На пример, истата камера што се користи на „рено каптур“ може да се монтира и на петтата генерација на „рено клио“, „рено меган IV“, како и на моделите на „Нисан“, преудпредува Каматица.
Оваа универзалност значително ја олеснува препродажбата. Цената на новите камери, според информациите на порталот за продажба на автоделови, се движи од 150 до 200 евра, што дополнително ги мотивира крадците да ги изберат овие делови. Во моментов на пазарот има сериозен недостиг на резервни делови, што ја зголемува нивната вредност и привлечност за криминалците.
Иако француската полиција евидентира „дузина пријавени случаи“, од сервисните центри на „Рено“ доаѓаат информации дека се зголемува бројот на кражби, особено во Франција. Меѓутоа, проблемот е глобален, бидејќи сопствениците на „каптур“ низ Европа пријавуваат слични ситуации. За сопствениците на овие возила, замената на украдената камера со лого станува голем трошок, особено кога се земаат предвид и други трошоци за потенцијална штета.