
Камчатка погодена од повеќе од 120 земјотреси за помалку од 24 часа
Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово покрај брегот на Камчатка, соопшти регионалната филијала на Федералниот истражувачки центар на Единствената геофизичка служба на Руската академија на науките.
Препорачано
Регионалната дирекција на Министерството за вонредни ситуации соопшти дека земјотресот бил почувствуван во градските области Петропавловск-Камчатски и Виључински и дека не е издадена закана од цунами, објави РИА Новости.
Ова е уште еден во низата силни земјотреси што го тресат подрачјето. Повеќе од 120 земјотреси ја погодија Камчатка за помалку од 24 часа, објави регионалната филијала на Федералниот истражувачки центар на Геофизичката служба на Руската академија на науките.
Силен земјотрес со интензитет од 7,4 степени според Рихтеровата скала го погоди Тихиот Океан во петок наутро во 6:58 часот по локално време, што е десет часа пред Централноевропското време (CET), со епицентар на 93 километри од Петропавловск-Камчатски, објави РИА Новости.
Федералниот истражувачки центар за геофизички истражувања на Руската академија на науките објави на својот Телеграм канал дека во регионот Камчатка се случиле 124 земјотреси „од 9 часот наутро на 19 септември до 8 часот наутро на 20 септември“.
На 30 јули, Камчатка го доживеа најсилниот земјотрес од 1952 година, со интензитет од 8,8 степени според Рихтеровата скала, а оттогаш речиси секојдневно се регистрираат последователни потреси.