Фото: Street workout Macedonia/Александра Савин

Калистениката доби свој дом на Козјак: Успешно се одржа првото издание на Grizzly cup

На живописната локација кај Езеро Козјак, под топлите зраци на сонцето, викендов се одржа првото издание на GRIZZLY CUP– уникатен спортски настан во организација на Street workout Macedonia и Grizzly Igloos.

Настанот ги собра љубителите на калистеника и бодивејт тренингот од цела земја, со над 30 пријавени учесници, кои се натпреваруваа во две дисциплини: Bodyweight Sets & Reps и Weighted Sets & Reps.

Фото: Street workout Macedonia/Александра Савин

По повеќечасовна напорна борба со медали се закитија Матеј Георгиевски, Бојан Тошевски и Огнен Николовски во Bodyweight Sets & Reps категоријата, како и Бојан Грозданиќ, Иван Миленковски и Бојан Тошевски во Weighted Sets & Reps кои се покажаа како физички најспремни на ова прво издание на купот.

Фото: Street workout Macedonia/Александра Савин

GRIZZLY CUP не беше само натпревар, туку и прослава на здравиот начин на живот и физичката култура. Организаторите најавија дека ова е само почеток, а Козјак ќе остане традиционално собиралиште за сите љубители на калистениката.

Преземено од: Спорт.ком.мк

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот