
Калин Ивановски елиминиран на Челинџер турнирот во Нотингем
Калин Ивановски го загуби мечот на стартот од Челинџер 75 турнирот во Нотингем, Велика Британија, што се игра за награден фонд од 91.250 евра.
Препорачано
Поуспешен од македонскиот тенисер во израмнет меч беше петтиот носител Дино Прижмиќ од Хрватска со 2:0 во сетови 63, 7:6 (3) за два часа игра.
Првиот сет го доби Прижмиќ со 6:3 во гемови и откако на стартот од мечот направи брејк во вториот гем и потоа имаше предност од 3:0.
Ивановски во првиот сет во петтиот гем не искористи брејк топка за да намали на 3:2, а ривалот ја зачува предноста – 4:1. Во вториот сет ниту еден од двајцата тенисери не успеа да направи брејк. Македонецот во седмиот гем успеа да спаси брејк топка, а потоа во следниот гем не успеа да реализира три брејк топки и резултатот беше 4:4 во гемови. При водство на нашиот тенисер од 6:5 во гемови во 12. гем Ивановски имаше брејк и сет топка, но една спорна судиска одлука го спречи да изедначи на 1:1.
Во 13. гем хрватскиот тенисер ја искористи смиреноста и поведе со 6:1 на поени, Ивановски намали на 6:3. Сепак на крај сетот му припадна на Прижмиќ со 7:6 и 7:3 на поени. Двајцата тенисери беа доминантни кога се наоѓаа на сервис (Ивановски имаше седум ас сервиси).
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
11мин
-
49мин
-
1час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5