Сателитски снимки од евентуалните нуклеарни посторјќи на Иран, бомбардирани од Израел

Калас: Ризикот од ескалација е опасно висок

Високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, денес изјави дека разговарала со иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, за ризикот од ескалација на насилството во регионот, по израелскиот напад врз таа земја, и иранските одмазднички напади врз Израел.

„Разговарав со иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи. Ризикот од понатамошна ескалација во регионот е опасно висок. Дипломатијата мора да преовлада. ЕУ отсекогаш била јасна: На Иран никогаш не смее да му се дозволи да се здобие со нуклеарно оружје. Само дипломатијата може да доведе до трајно решение. ЕУ е подготвена да обезбеди поддршка“, рече Калас во објава на платформата X.

ВИДЕО: Израелски авиони удираат врз Иран, ирански ракети паѓаат врз Ерусалим и Тел Авив

Израел ги нападна иранските нуклеарни објекти и воени цели во раните утрински часови во петок, 13 јуни, наведувајќи дека нападите имале за цел да го спречат Иран да се здобие со нуклеарно оружје.

Како одговор на нападот, Иран вчера вечерта испали околу 150 балистички ракети кон Израел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот