Каја Калас / Фото EPA-EFE/TOMS KALNINS

Калас: Неприфатливо е нарушувањето на романскиот воздушен простор од руските дронови

Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, денес го критикуваше упадот на руски беспилотни летала во романскиот воздушен простор за време на нападот врз соседна Украина во саботата, нарекувајќи го неприфатлив и обвинувајќи ја Москва за „неодговорна ескалација“.

„Нарушувањето на романскиот воздушен простор од страна на руски беспилотни летала е уште едно неприфатливо кршење на суверенитетот на земја-членка на ЕУ“, напиша Каја Калас на платформата X.

Според нејзиното мислење, оваа „неодговорна ескалација ја загрозува регионалната безбедност“, пишува Данас.

„Изразуваме солидарност со Романија“, додаде Каја Калас.

Романија во саботата соопшти дека дрон го нарушил романскиот воздушен простор за време на рускиот напад врз инфраструктурата во соседна Украина, неколку дена откако Полска го осуди влегувањето на руските беспилотни летала на полска територија.

Романската војска испрати два борбени авиони Ф-16 за да ја следат ситуацијата во врска со бомбардирањето на украинската територија. Тие го откриле дронот во романскиот воздушен простор, соопшти Министерството за одбрана.

Авионот бил следен сè додека не исчезнал од радарот.

„Дронот не летал над населени места и не претставувал непосредна закана за населението во Романија, која, како и Полска, е членка на НАТО“, соопшти министерството.

По Полска, и Романија пријави упад на руски беспилотни летала

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот