Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Калајџиев: Во Македонија има малку помилувања
Универзитетскиот професор и член на Комисијата за помилување, Гордан Калајџиев, во изјава за 24инфо.мк вели дека бројот на помилувања во земјава е мал, а краток е и рокот на ослободување од издржување казна затвор.
Препорачано
„Мој став, како професор, е дека помилувањата ги даваме малку и кратко, со оглед на тоа дека и условен отпуст не им даваат на луѓето, казните се многу строги, а условите во затворите се лоши и заслужуваат многу повеќе да се доделуваат помилувања, условни отпусти, па и амнестија како компензација и како утеха“, вели тој.
Калајџиев вели дека условите во македонските затвори се катастрофални, а дека казнената политика е многу поостра споредено со земјите на ЕУ. Тој додава дека во затворите со години луѓе лежат за сообраќајки или за симболично количество дрога што го поседувале.
За вакви прекршоци во ЕУ, според него, казните се помали. Притоа додава дека Идризово е најлош затвор во Европа.
„Врз основа на овие сериозни проблеми што ги имаме во затворите и строгата казнена политика што ја имаме, мислам дека тоа е нехумано, а помилувањата ги даваме на толку ограничени случаи, што дури мене лично и ми е непријатно“, смета Калајџиев.
„Недавањето помилување или намалување казна на човек кој е осуден на доживотен затвор, Совет на Европа го смета за нехуман третман“, вели Калајџиев.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
8мин
-
13мин
-
21мин
-
21мин
-
28мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5