Фото: Слободен печат

Калајџиев му одговори на Мицкоски: Комисијата не призна грешка, туку дека се држи до принципи

„Комисијата за помилување не призна грешка, како што тврди Мицкоски, туку дека се држи до принципи“, напиша на Фејсбук професорот Гордан Калајџиев кој во саботата поднесе оставка од член на Комисијата за помилување заедно со останатите членови на ова тело.

Мицкоски на вчерашната прес-конференција рече дека со оставката членовите на Комисијата за помилување ја констатирале направената грешка и дека е доблесно да преземат одговорност.

„Жив човек којшто работи знае и да погреши, кога ќе се констатира грешката, ако се преземе одговорност тогаш тоа е и доблесно и јас така можам да ја коментирам одлуката на членовите на Комисијата која се занимава со областа на помилувањето. Констатирана е очигледно грешката и единственото нешто што го имаат тие и како морален чин е да се повлечат, а тоа и го направија. Очекувам тука да се затвори оваа тема во јавноста“, изјави Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот