
Какво ќе беше крунисувањето на кралот Чарлс ако принцезата Дијана беше сѐ уште жива?
Денеска е крунисувањето на новиот британски крал Чарлс Трети и неговата сопруга, кралицата Камила. Чарлс е најстариот крал во историјата на Велика Британија, а неговата сопруга е веројатно најомразената кралица во историјата на монархијата.
Препорачано
Среде еуфоријата за овој историски настан, многумина се присетија на несудената британска кралица – принцезата Дијана. Многумина се прашуваат што ќе се случеше со неа ако денес беше жива и каква улога ќе имаше во денешното кралско семејство.
Но, тешко е да се претпостави како ќе се одвиваа работите во последните 27 години, откако Чарлс се разведе од својата прва сопруга Дијана во 1996 година.
Кралот се ожени со новата сопруга Камила во 2005, а при таа прилика беше објавено дека таа ќе стане принцеза кога Чарлс ќе стане крал. Сепак, со одлука на кралицата Елизабета Втора, Камила денеска ќе стане кралица.
Со разводот, Дијана се откажа од правото да стане кралица
Кога Чарлс и Дијана се разведоа, принцезата се откажа од правото да биде следната кралица на Велика Британија. Таа, исто така, мораше да се откаже од титулата „кралско височество“. По разводот, нејзината нова титула гласеше – Дијана, принцезата од Велс.
Иако кралицата била подготвена да ѝ дозволи на Дијана да ја задржи титулата „кралско височество“, според некои извори, принцот Чарлс инсистирал да се откаже од неа.
Ова службено ја обврзало Дијана да им се обраќа на другите со „вашето кралско височество“, па дури и на своите деца – принцот Вилијам и принцот Хари. Сепак, не се знае дали било спроведувано во пракса.

Што ќе се случеше со нејзините титули денес?
Но, дали смртта на кралицата Елизабета Втора и владеењето на Чарлс ќе влијаеа на титулата на Дијана ако принцезата не загинеше во сообраќајната несреќа во 1997 година?
„Таа ќе ја задржеше титулата ‘принцеза од Велс’ бидејќи тоа беше дел од првичниот договор за развод“, изјави експертот за уставни односи Роберт Морис.
И ова сценарио е доста комплицирано бидејќи, технички, Камила Паркер-Боулс стана принцеза од Велс преку нејзиниот брак со Чарлс. Меѓутоа, ако принцезата повторно се омажеше, таа ќе ја загубеше титулата и, веројатно, повторно ќе станеше Лејди Дајана.
Според батлерот на Дијана, Пол Бурел, кога таа ја изгубила титулата „кралско височество“, 14-годишниот принц Вилијам ѝ рекол на својата вознемирена мајка: „Не грижи се мамо, ќе ти ја вратам еден ден кога ќе бидам крал“.

Дали ќе станеше кралица-мајка на кралот Вилијам?
Некои веруваат дека принцезата Дијана ќе станеше кралица-мајка кога нејзиниот син, принцот Вилијам, ќе станеше крал на Велика Британија.
Сепак, нејзината подобност би била комплицирана поради разводот, а титулата кралица-мајка, која ја носеше мајката на кралицата Елизабета, се однесува на вдовицата на кралот, нешто што не би резонирало со Дијана.
Меѓутоа, Вилијам како крал ќе има моќ да ги прекрши правилата, па тој сигурно ќе најдеше начин да го одбележи статусот на мајка му на некој значаен начин.
Сѐ ова не би имало никакво влијание врз Камила, сегашната сопруга на Чарлс. Доколку Камила го надживее Чарлс, таа ќе стане кралица-вдовица и нема да стане кралица-мајка бидејќи не е мајка на идниот британски крал Вилијам.