Фото: Слободен печат

Како возрасните лица да добијат неговател во домот и каде завршуваат старите гуми? Утре во „Слободен печат“

Постои ли можност старите и изнемоштени лица да добија негувател во текот на денот? Колку чини таа услуга? Дали државата покрива дел од трошоците? Дали матичниот лекар е тој кој препорачува нега? Каква е услугата „Твој доктор“ дома? Утрово на оваа тема во утринската емисија „Слободен печат“ разговараме со доктор Билјана Јованоска од ординацијата „Халк мед“.

Каде завршуваат гумите за автомобил откако ќе си ја завршат својата работа? Гумата е опасен отпад доколку не се третира на правилен начин. Наместо да се горат и да завршат на буниште нивното рециклирање е вистинскиот пат. Од неодамна отпадните гуми со закон се регулирани и кај нас. На кој начин се одвива тоа во пракса дознаваме од Борче Кузмановски, управител на „Гуматек“.

Што ќе прославуваат Македонците на 14 февруари? Св. Трифун, Св. Валентин или можеби и двата празници? Како планираат да го прослават овој ден, раскажаа граѓаните за „Слободен печат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот