
Како последица од нуклеарните тестирања: Под вечниот мраз „се крие“ опасен радиоактивен елемент
Замрзнатата плочна на Антартикот и понатаму отпушта зрачења на радиокативен елемент, што е последица од тестирањето на нуклеарното оружје кое го спроведувала американската влада на тој континети пред неверојатни 70 години, објавија научниците во списанието „Journal of Geophysical Research: Atmospheres“.
Препорачано
Станува збор за хлор, природно радиоактивен изотоп кој се формира кога гасот аргон реагира со вселенските зраци во атмосферата. Тој е најдолговечниот радиоактивен изотоп, со полуживот од 301 илјади години, додека другите имаат полуживоти од максимално еден час до помалку од една секунда, пренесе хрватски „Експрес“.
Може да се формира и во тек на нуклеарни експлозии над океаните, кога неутроните реагираат со хлорот кој се наоѓа во морската вода, и може да испарува во стратосферата, на патува околу светот и на крајот да се таложи на мразот и снегот на Антарктикот, место на кое трајно може да „преживее“.
Тајните на нуклеарните тестирања и нивните последици
Големи количини на радиоактивниот изотоп на хлорот произлегле од зрачењето на морската вода за време на атмосферските детонации на нуклеарното оружје меѓу 1952 и 1958 година. Токму во тоа време САД спроведувале повеќе тестови во Тихиот Океан.
За помалку од 20 години, спроведени се вкупно 19 оперативни серии на истражувања, што резултирало со повеќе од 230 детонации. Слични наоди на хлор-36 се пронајдени во примероците на замрзнатите јадра на американскиот глечер сместен во планинскиот ланец Wind River во сојузната држава Вајоминг.
За да утврдат како хлорот-36 се однесува со временските услови, особено во подрачјата со различни нивоа на снежни покривки, истражувачите земале примероци од мразот кој датира од периодот меѓу 1949 и 2007 година од снежните јами во Восток, руската истражувачка станица на Источниот Антартик, каде всушнот паѓа малку снег.
Потоа тие податоци ги споредувале со примероците земени во периодот од 1910 до 1980 година од Талос Доме, региони оддалечени 1400 километри.
Тие откриле дека ледот на Талос Доме со текот на времето се намалува, и дека задржал само околу четири пати повисоки нивоа на природен хлор-36 од 1980 година.
Восток, од друга страна, покажал значително големо ниво – горниот дел на снегот бил 10 пати поголем од очекуваните нивоа на појавувањето на хлор-36, што сугерира на фактот дека таму снегот и понатаму ослободува радиоактивни изотопи од нуклеарните експерименти во морето и дека хлорот-36 е многу помобилен отколку што претходно се предвидувало.
Истражувачите се надеваат дека понатамошните бушење во ледот кој е стар 1,5 милиони години ќе помогне за подобро разбирање за тоа како Восток испушта хлор-36 и како тој се останува на површината на снегот со текот на времето.