Донација во прилепската болница

Како да сме во Африка: Шведска хуманитарна организација ѝ донира ехо-апарат на прилепската болница

Ортопедското одделение во прилепската општа болница доби нов ехо-апарат за рано откривање на развојно нарушување на колковите кај доенчињата. Апаратот, кој нашите здравствени власти сиве овие години не нашле за сходно да го набават, е нов, неупотребуван, и е донација на шведската хуманитарна организација „Хабтихант“, вредна 15.800 евра.

-Идејата и љубовта за Прилеп и да помогнеме се многу големи. Апаратот може да се надградува. Пресудно беше што директорот рече дека апаратот е за деца и да им се помогне, изјави Марија Русенгрен, претседател на хуманитарната организација „Хантихант“ од Шведска.

Со претходниот апарат, исто донација од Јапонија, досега се работело 32 години кога почнал со работа и кабинетот за детска ортопедија, а методата за скрининг на колкови кај доенчиња во прилепската болница е воведена уште од 1989 година од примариус д-р Трајче Бошкоски.

-Сега нашите доктори ќе продолжат со работа со овој нов, современ апарат. Досегашниот иако е во функција, но е со слаба резолуција и многу користен. Донацијата е прекупотребна и благодарноста е огромна, рече на денешната прес- конференција за донацијата директорот на прилепската болница Кире Јоноски.

Со апаратот ќе се пружа здравствена заштита и на жителите од соседните општини преку закажан термин.

Во последните три години се реализирани вкупно 3.525 ехо прегледи на колкови кај доенчиња. Во просек, се прават по 100 прегледи месечно.

-Добредојден е новиот ехо-апарат за скрининг на колковите кај доенчињата. Како метод што го користиме сме пионери во државава. Методот е безбеден, нештетен и се надеваме со дополнителна обука да им ги пренесеме знаењата и искуствата на специјализантите, идните ортопеди на одделението, рече д-р Василе Василески, раководител на ортопедско-трауматолошкото одделение во прилепската болница.

Организацијата „Хантихант“ од Шведска во Прилеп досега има донации во вредност од околу 700 000 евра, во болницата и во други установи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот