
„Како да има шуга“: Вучиќ во улога на „фенерџија“ во Пекинг, го ставија сам и последен во колоната
Српскиот претседател Александар Вучиќ престојува во Кина, каде учествува на одбележувањето на 80-годишнината од капитулацијата на Јапонија во Втората светска војна. Кинескиот лидер Си Џинпинг собра бројни странски гости на свеченоста, а на официјалната заедничка фотографија Вучиќ се наоѓа во последниот ред осамен и на маргините на колоната од светски лидери, далеку од Си и Путин.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
На социјалните мрежи дополнителни снимки од колоната лидери, направени по фотографирањето, покажуваат како Вучиќ и сопругата се целосно сами, на самиот крај, пренесува хрватски „Индекс“.
На дел од фотографиите кои се објавуваат и воопшто го нема српскиот претседател, зашто тој на крајот сè уште не бил влезен во кадарот кога е направена сликата:

Ова предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи. „Повторно изоставен. Како да има шуга“, напиша еден корисник. Други се шегуваа дека во белградските медиуми „ставиле цигла на зумот“ за да се прикажуваат само крупни кадри од претседателот. Некои, пак, иронично велат дека „протоколот секогаш најважните гости ги става на крај, па така изгледа како да е на врвот на пирамидата“.
Дел од коментарите имаа посериозна нота:
„Тешко ми е да прифатам дека мојата земја е во друштво на источни, диктаторски и комунистички држави, а не на Европа,“ напиша еден корисник на „Икс“.
Вучиќ откри што би сакал да работи наскоро, кога ќе падне од власт