Фото: Фејсбук/Тимчо Муцунски

Кај новата американска администрација има сериозен позитивен интерес за регионот и нашата држава, вели Муцунски

Тимчо Муцунски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, во интервју за „Телма“ откри какви се плановите на владата во однос на посетата на САД и присуството на инаугурацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп.

„Дефинитивно доаѓање на нова администрација на САД е значаен чин за нас, Мицкоски ќе ја предводи и нашата делегација таму, заедно со него ќе бидеме дел од многу формални и нефомални активности, како и самата инаугурација. Да ги афирмираме нашите позиции со администрацијата во доаѓање, да продолжиме да ги негуваме тие добри и лични односи кои премиерот, јас и други чинители во Владата. Исто така и да го потврдиме да го потврдиме и континуитетот којшто го очекуваме од американската надворешна политика, во однос на прашања поврзани со регионот, посветеноста кон европските европските интеграции, посветеноста кон НАТО алијансата, и сето она што за нас е значајно од гледна точка на европска и регионална безбедност и прашања кои како земја нас најмногу нè засегаат“, рече Муцунски.

Тој се осврна и на средбите што ги имал со претставници на администрацијата, при неговата последна посета на САД минатиот месец.

„Предноста на американскиот систем е што транзицијата е институционализирана, и веќе станува јасно кои лица добиваат одредени транзиции и имате со кого да контактирате. Остварив јас средба со лица кои ќе извршуваат одредени позиции во администрацијата во доаѓање, и тоа беше за нас битно. Во однос на нашиот регион и нашата држава гледам сериозен позитивен интерес од страна на администрацијата во доаѓање“ истакна Муцунски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот