Кадиров- Путин/ Фото: ЕПА

Кадиров до Путин: Подготвен сум да го дадам животот за тебе, нареди окупирање на Харков и Киев

Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, денес му се обрати на рускиот претседател Владимир Путин со барање да и нареди на армијата да ги окупираaт Харков, Киев и другите украински градови.

„Ќе биде брзо, јасно и ефикасно. Другар претседателе, другар врховен командант, многупати сум рекол дека јас сум твојот пешак, подготвен сум да го дадам животот за тебе. Но, не можам да гледам како умираат моите и нашите војници, војниците на Министерството за одбрана, Националната гарда и другите структури. Ве молиме затворете ги очите пред сè и дозволете им да завршат што се случува таму за ден или два. Ова е мое убедено мислење“, објави Кадиров на на социјалната мрежа Телеграм.

Лидерот на Чеченија ја нарече ситуацијата во Украина закана за целата земја. Тој посочи дека „добрите преговори, добрата демократија, слободата на говорот и човечкиот живот“ се најважните работи и додаде: „Но, таму умираат нашите браќа, нашите роднини и пријатели, а тоа не е во ред“.

„Ве молиме дајте им можност на нашите борци да го покажат својот целосен потенцијал, да им дадеме можност да ги искористат сите сили да завршат еднаш засекогаш“, додаде Кадиров во својата објава.

Во четвртокот Кадиров побара од Путин – да не ја прекинува „специјалната операција“ во Украина, истакнувајќи дека на исто мислење се и борците на руските вооружени сили и доброволците стационирани таму.

ВО ЖИВО | Нови немири во Украина, нападната најголемата нуклеарна централа, вести од минута во минута

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот