Фото: Профимедиа

Каде и колку војници имаат САД на Блискиот исток

САД веќе имаат десетина илјади војници во базите и воените бродови на Блискиот исток, како и договори со бројни држави за префрлање на војници и воена опрема.

Американскиот претседател Доналд Трамп на Блискиот исток веќе има распоредено десетици илјади војници, и брзо би можел да реагира доколку се случи ескалација на судирот со Иран, но исто така, Иран би можеле да продолжат стрелаат кон воените бази во кои има американски војници, пишува српски „Телеграф“.

Ноќта меѓу вторникот и средата се случи првиот напад, кога Иран истреча повеќе од 20 проектили кон две американски воени бази во Ирак.

Светот стравува од избивање на војна, а сите очи се вперени во Белата куќа и се чека следниот потег на Трамп. Тој во своето обраќање по повод на нападите порача дека САД воведуваат нови санкции за Иран, и дека неговата администрација се уште ги разгледува следните чекори и другите опции за одговор на ракетирањето на американските бази. Трамп рече дека Америка е подготвена на секое можно сценарио, и дека со убиството на Сулејмани се запрени нови напади на американски цели.

За тоа време, од Иран стигнува одлучна порака, дека секој одговор на нападот ќе предизвика војна и дека Иран реципрочно ќе одговори на секој понатамошен потег на Вашингтон. Претходно од Иран порачаа дека се разгледуваат 13 сценарија за одмазда на убиството на генералот Касем Сумејмани.

Трамп ја распоредува војската

По заканите за одмазда поради убиството на командантот на иранската Револуционерна гарда Касем Сулејмани, Пентагон најави дека ќе испрати дополнителни 3.500 трупи на Блискиот исток.

САД веќе имаат десетина илјади војници во базите и воените бродови на Блискиот исток, како и договори со бројни држави за префрлање на војници и воена опрема.

Ирак

Американските официјални лица никогаш не прецизираа точно колку американски војници се распоредени и каде се стационирани, но се проценува дека ширум Ирак, САД имаат околу 6.000 трупи, вклучувајќи ја и Зелената зона, во дипломатскиот дел на Багдад, како и во базата Ал Асад.

Сирија

Исто така, не постојат конкретни податоци за тоа колку американски војници има во Сирија, но сигурно е таа бројка е околу 800 војници, кои останаа во земјата откако Трамп нареди повлекување во октомври. Претходно во Сирија имаше 2.000 американски војници.

Авганистан

Во Авганистан се сместени околу 14.000 американски војници и специјалци. За потсетување, Трамп во ноември ненајавено ја посети воздушната база Баграм за да ја провери подготвеноста на своите трупи.

Кувајт

Соединетите Американски Држави во Кувајт имаат 13.000 војници и колку бази.

Јордан

Во Јордан, кој се граничи со Ирак, Сирија и Израел, САД наводно имаат околу 3.000 војници. За потсетување од базата Мувафак Салти лансирани се речиси сите проектили кои ги гаѓаа целите на Исламска држава.

Саудиска Арабија

Во октомври САД објавија дека испраќаат дополнителни сили во Саудиска Арабија, поради тоа што „ситуацијата со Иран е сѐ понапната“, а проценките се дека таму се распоредени околу 3.000 американски војници.

Бахреин

Во Бахреин, малата островска држава во Персискиот Залив има американска воена база, каде се сместени неколку илјади американски трупи. Проценките се дека Трамп таму има околу 7.000 војници.

Оман

САД во Оман имаат стоина војници, но важно е да се напомене дека во март минатата година потпишан е договор меѓу двете земји со кој на Соединетите Држави им се дозволува нивните авиони и воени бродови да ги користат тамошните аеродроми и пристаништа.

Обединети Арапски Емирати

Во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) се проценува дека се распоредени околу 5.000 војници.

Катар

Во Катар е сместена најголемата американска воена база во која во 2018 година се вложени речиси два милиони долари. Се проценува дека таму САД имаат 13.000 војници.

Турција

Поголемиот дел од американските војници во Турција се сместени во големата база Инџирлик, каде според пишувањата на српски „Телеграф“ има 2.500 американски војници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!