
Кацарска: На многу судии местото не им е во судството
Судијката Добрила Кацарска во интервју на емисијата „360 степени“ порача дека треба да има ветинг во судството, како и дека судиите треба многу да променат во своето однесување.
Препорачано
– Реформи во судството треба да има и тоа коренити реформи, и се согласувам тука со политичарите. Но, најпрвин ние судиите сами треба да се реформираме, да смениме многу во нашето однесување. Ние наместо да се охрабриме да бидеме што подобри судии, ние се повеќе го рушиме угледот. За тоа не ни се криви ниту политичарите, ниту граѓаните. Има многу судии на кои местото не им е во судството. Јас сум за ветинг во судството. Нашата работа е мерлива и јавна, проверка мора да има. Може да се спроведе ветинг без меување на Уставот. Комисијата за антикорупција веднаш може да почне да го проверува нашиот имот и тоа не оној што е само на наше име, туку и на потесното семејство. Има судии кои купуваат имот на име на сестра, на брат – вели Кацарска.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
12мин
-
34мин
-
56мин
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5