Израел Кац / Фото EPA-EFE/RONALD WITTEK

Кац: Нуклеарната закана од Иран е отстранета, проблемот сè уште се ракетите

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека „егзистенцијалната закана“ од нуклеарната програма на Иран е отстранета, но дека балистичкиот арсенал на Техеран останува сериозна загриженост за израелските безбедносни служби, пренесува Танјуг, повикувајќи се на израелските медиуми.

Кац на прес-конференцијата изјави дека Иран одлучил да ги обнови своите ракетни капацитети, кои, според него, биле значително оштетени за време на 12-дневната војна, пишува „Тајмс оф Израел“.

Шефот на израелската одбрана изјави дека подготовките за војната против Иран започнале со месеци однапред, вклучувајќи серија состаноци со врвот на израелската армија, на кои била разгледана можната улога на Соединетите Американски Држави во конфликтот.

Американско „зелено светло“

Како што рече, било одлучено дека Израел ќе ја започне операцијата само ако добие барем „зелено светло“ од Вашингтон, што подразбира премолчено одобрување за почетните напади, но не и директно американско учество или јавна поддршка за операцијата.

Кац додаде дека сегашниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, разговарал со висок израелски функционер непосредно пред почетокот на израелските напади и дека во таа прилика, наводно, рекол: „Подобро да успеете.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот