
Јужното овошје од Костарика седум пати поевтино од домашното: Ако не можеме да пробаме цреши, ќе јадеме ананас!
Деновиве повторно има голема понуда на ова егзотично овошје, иако гајбите со рапава кора и високи боцкави листови од Костарика, патем речено до нас патуваат над 10.500 километри. А неговата цена е толку ниска – едно парче се нуди од 40 до 55 денари, што не е ни колку половина грст цреши, чија што цена се движи и до 500 денари за килограм! Трговците се натпреваруваат кој повеќе ќе ја симне неговата цена, па ананасот чини двојно поевтино од килограм јаболки од Аргентина или Србија кои стасаа до 125 денари, а од цената на касјиите кои се движат и до 200 денари е четири пати поевтин!
Ако не може да пробаме цреши, барем можеме да си дозволиме ананас, чија што цена деновиве е дури седум пати поевтина од домашното овошје. Деновиве повторно има голема понуда на ова егзотично овошје, иако гајбите со рапава кора и високи боцкави листови од Костарика, патем речено до нас патуваат над 10.500 километри. А неговата цена е толку ниска – едно парче се нуди од 40 до 55 денари, што не е ни колку половина грст цреши, чија што цена се движи и до 500 денари за килограм!
Препорачано
Трговците се натпреваруваат кој повеќе ќе ја симне неговата цена, па ананасот чини двојно поевтино од килограм јаболки од Аргентина или Србија кои стасаа до 125 денари, а од цената на касјиите кои се движат и до 200 денари е четири пати поевтин! Едно парче ананас е поевтино и од килограм праски, модар домат, а се изедначи со цената на кромидот и краставиците. Граѓаните што претходно воопшто не ни помислуваа да купат вакво тропско овошје, сега гордо го носат во ќесите.
Една претходна студија, како што објави „Саенс Алерт“(Science Alert), откри дека имунитетот е маса од околу 1,8 трилиони клетки. И за да може овој факт да добие некаква форма, тогаш се чини, дека кај возрасен маж со просечна големина, имунитетот тежи околу 1,2 килограми. Тоа е на пример, големина на еден ананас. Инаку, aнанасот е четврто најважно тропско овошје во светот (по бананите, мангото и папајата). Најголеми производители се: Костарика (главен извозник во ЕУ) Филипини Тајланд Индонезија Индија. Увозот на ананас во ЕУ изнесува повеќе од 900.000 тони годишно, а цените во продавниците варираат од 1,50 до 3,50 евра/кг. Досега според статистиката, македонските граѓани годишно трошеле по 200 грама ананас од конзерва.
– Кога има вишок, цената на производите паѓа, а добавувачите се принудени да се решат од залихите и да ги ослободат магацините. Затоа и не треба да нè чудат ваквите ниски малопродажни цени на ананасот. Сепак, нема споредба со некои видови зеленчук или овошје, бидејќи тропското овошје не спаѓа во основната храна и граѓаните не мора да го купуваат секојдневно – објаснува Блажо Витанов од „Империал фрут“ за „Слободен печат“.
Во моментот цените на ананасот на пазарите во земјава варираат од 80 до 160 денари за парче, а просечната цена според Земјоделскиот информативен центар е 114 денари.
Поради повисоките трошоци за производство, лошите приноси и евтиниот увоз, домашното овошје е поскапо од грејпфрутот, лимоните, портокалите, бананите, ананасот, велат експертите. Годинава поради мразот, не може да се очекува пад на цените континенталното овошје, пред сè на јаболката, кои се очекува во сезоната да стасаат и до 200 денари за килограм. На пазарите и во маркетите, јаболката сега чинат од 83 до 125 денари, крушите дури 149, а бананите од 69 до 90 денари.
Според статистичките податоци, во 2024 година во државата е регистриран пораст од 3,1 отсто кај овошните градини, а лани производството на цреши било зголемено за 41 отсто.