Мајката и соучесниците осудени на доживотен затвор за трговија со деца/Фото: EPA-EFE/HALDEN KROG

Јужна Африка: Мајка осудена на доживотен затвор, ја продала својата 6-годишна ќерка за 1100 долари

Мајка од Јужна Африка и двајца соучесници денеска се осудени на доживотен затвор поради трговија со луѓе, односно за сексуалната злоупотреба на нејзината тогаш 6-годишна ќерка, случај што ја шокираше целата земја по исчезнувањето на детето минатата година.

Ракел Кели Смит, нејзиниот партнер Жакен Аполис и нивниот пријател Стевено Ван Рин беа осудени за киднапирање и продажба на малата Џослин Смит откако таа исчезна од мал град на Западниот брег.

На судењето што ја шокираше Јужна Африка, сведок изјави дека Кели Смит ѝ кажала дека ја продала сопствената ќерка на сангома, или традиционален исцелител, за 20.000 ранди (1.100 долари) и дека девојчето се барало поради нејзините „очи и кожа“ .

И покрај обемната истрага и полициските напори, Џоселин Смит сè уште е исчезната.

Малечката Џоселин Смит се води за исчезната/Фото: EPA-EFE/STRINGER

Откако беа објавени казните во четврток, судијата на Врховниот суд, Натан Еразмус, рече дека фактот што Кели Смит, Жакен Аполис и Стивен Ван Рин биле корисници на дрога не е изговор.

„Не можам да најдам ништо што би ги оправдало и би ги натерало да заслужат помала казна од најстрогата што можам да ја наметнам“, изјавил Еразмус.

За киднапирањето, тројцата беа осудени на 10 години затвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот