
Јувентус демантира повлекување од европската Супер лига
Јувентус не се повлече од проектот за Европската Суперлига, соопштија од италијанскиот клуб во вторникот по информациите објавени во медиумите дека испратиле писмо до Реал Мадрид и Барселона во кое ги известиле за нивното напуштање.
Препорачано
Но, Јуве додаде дека ќе разговара со Реал и Барса, клубовите кои остануваат во проектот, за потенцијална разделба.
– Јувентус ќе продолжи со какви било комуникации кои се должни според законот по исходот од дискусиите и проценките (во врска со потенцијалното излегување). Голем дел од информациите објавени од медиумите за содржината на комуникацијата (вклучувајќи и какво било повикување на наводните закани за потенцијални санкции од страна на УЕФА) не се вистинити – соопштија од клубот.
Ниту Реал ниту Барса не одговорија на барањето на „Ројтерс“ за коментар. Портпаролот на Супер лигата не беше во можност веднаш да коментира.
На почетокот на 2021 година, 12 европски фудбалски гиганти најавија формирање на Супер лигата, која наводно сметаат дека може да биде пандан на Лигата на шампионите.
Овој потег пропадна во рок од 48 часа после критиките на навивачите и играчите кои ги принудија Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Ливерпул, Тотенхем, Арсенал, Милан, Интер и Атлетико Мадрид да се повлечат.