„Старата дама“ со официјални соопштенија околу бизнисот на клубот/Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Јувентус би можел да биде отстранет од меѓународните турнири

Јувентус денеска излезе со две официјални соопштенија, со кои го потврди упадот на италијанските власти во канцелариите на клубот поради сомневање за финансиска измама со трансферите, вклучително и онаа на Кристијано Роналдо во Манчестер јунајтед ова лето.

Во првото соопштение се зборува за финансиските санкции со кои би можел да се соочи клубот доколку биде виновен. Тие признаваат дека во најлош случај велат дека „нема да можат да продолжат со нивниот бизнис“. Друго сценарио е одреден број акционери да ги повлечат своите инвестиции, што би ги чинело „бјанконерите“ 255 милиони евра.

Она што ја комплицира ситуацијата на Јувентус е фактот што клубот тргува со акции на берзата, за разлика од другите италијански клубови.

Што се однесува до второто соопштение, кој се занимава со спортскиот аспект на ситуацијата, се споменува дека како последна опција „Јувентус може да биде отстранет од националните и меѓународните турнири“.

Тоа значи дека „Старата дама“ нема да има право да се натпреварува во Серија А, Купот на Италија и Лигата на шампионите/Лига Европа/Конференциска лига, но веруваат дека тешко дека ќе се случи тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот