Фото: „Јуроп хаус“ / Фејсбук

„Јуроп хаус“ организира едукативни и културни активности за младите во Кочани

Почнувајќи од септември, па се до крајот на годината, во Кочани, „Јуроп хаус“ ќе реализира низа активности кои ќе бидат посветени на учениците од основните и средните училишта.

Активностите започнуваат на 4 септември со настапот на „Биби и Боби“ на градскиот плоштад, пред Домот на култура. Настанот се организира по повод почетокот на учебната година, со посебен акцент на најмладите, првачињата.

Следната активност, под наслов „Вело родео“, ќе се одржи на 19 септември во рамките на Европската недела на мобилност, во соработка со невладината организација „Еко-лоџик“. Настанот опфаќа работилници за безбедно возење велосипед, кои ќе завршат со практично претставување на новата велосипедска патека со препреки и предизвици. Целта е да се едуцираат младите и граѓаните за важноста од безбедно движење, како и да се поттикне користењето на алтернативни и еколошки форми на транспорт.

„Активностите во септември нема да завршат тука, бидејќи кон крајот на месецот, во соработка со Амбасадата на Шведска, Јуроп хаус планира да ја реализара и интерактивната борд-игра „Election Ville“, која ќе биде наменета за учениците од средните училишта во Кочани. Играта оваа година се реализираше низ шест градови во државата и кулминираше со големото финале во Скопје. Активноста има за цел да ги запознае младите со начинот на функционирање на локалната власт. Тимот од средношколците од Струмица, кои победија на националното финале во Скопје, ќе бидат модератори на играта во Кочани“, информираат од „Јуроп хаус“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!