ЈСП вклучува свои автобуси да ги „покрие“ линиите на кои не возат дел од приватните автобуски превозници

ЈСП „Скопје“ денеска вклучува дополнителен број на автобуси за на тој начин да ги „покрие“ линиите на кои приватните автобуски превозници од „Макекспрес“ не возат, поради долгот кој го има Јавното сообраќајно претпријатие кон нив.

Станува збор за линиите 19, 20, 52, 54 и 22 кои превезуваат патници од Шуто Оризари, Ржаничино, Волково и Колонија Идризово.

– ЈСП „Скопје“ од утринава вклучува свои возила на линиите кои ги опслужува „Макекспрес“, односно скопјани не останаа без превоз на линиите на кои вози посочениот приватен превозник – информираат од Јавното сообраќајно претпријатие.

Инаку, утрово дел од приватните автобуски превозници не превезуваат патници поради како што рекоа немањето на доволно финансиски средства за да ги покријат дневните потреби за набавка на гориво.

– Во моментот ЈСП „Скопје“ ни должи 30 милиони денари. Ние немаме средства за да ставиме гориво во возилата и поради тоа нашите автобуси од утрово не превезуваат патници – истакна Милорад Димитриевски од „Макекспрес“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот