Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

ЈП Национални шуми и СРШДИ потпишаа декларација за здрави безбедни работни места

Во рамки на Светскиот ден на безбедност и здравје при работа – 28 април, претседателот на Синдикатот на работниците од шумарството, дрвната индустрија и енергетика (СРШДИ), Живко Митревски и директорот на ЈП Национални шуми, Јулијана Николовска ја потпишаа декларацијата за здрави и безбедни работни места.

Како што соопштија од Синдикатот, двата социјални партнери со овој чин, а во кој се опфаќаат сите вработени во шумарството, уште еднаш ја покажаа својата заложба и посветеност кон зачувувањето на здрави и безбедни работни места, како и нивното унапредување во врска со борбата против пандемијата на вирусот ковид-19.

Покрај потпишувањето на декларацијата и одредбите од колективниот договор, двата партнери укажале дека обезбедувањето на здрави работни места и заштита при работа останува врвен приоритет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот