Антонио Јолевски, претседател на Советот на Јавни обвинители / Утрински брифинг
Антонио Јолевски, претседател на Советот на Јавни обвинители / Утрински брифинг

Јолевски: Нашата фела е мала, треба да му се остави простор на Абази да се докаже

По изборот на Ислам Абази за шеф на Обвинителството за огранизиран криминал и корпуција, за кој јавноста реагираше дека е непознат и дека е близок со ДУИ, претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски во ТОП Тема на ТВ Телма изјави треба да му се даде простор на Абази да се докаже, особено затоа што неговите резултати како раководител на гостиварското обвинителство се неспорни. Нашата фела е мала, и иако сите се изолирани едни од други, во смислам дека секој работи во својот регион, сепак многумина се познаваат, вели Јолевски.

„Во моментов сме 163 од потребните 244 обвинители. Никогаш не сме дошле до таа бројка 244, да речеме дека таа бројка е оптимална или треба повеќе. Во моментов три обвинителства немаат ниту еден обвинител. Во случајот треба да му се даде простор на Абази, да се докаже како што се докажа во гостиварското обвинителство. Овој обвинител таму ќе треба да менаџира како што менаџираше со гостиварското обвинителство и од неажурно да го направи ажурно, во кое ќе постапуваат обвинителите, нормално со негово учество.Затоа велам дека треба да му се даде простор, да видиме како ќе се покаже, бидејќи во гостиварското обвинителство имаше илјадници предмети, па дојдоа до ситуација да го исчистат остатокот во неговиот период од 4 години“, вели Јолевски за ТОП Тема.

Инаку новоизбраниот шеф на Обвинителството за гонење на организиран и криминал и корупција, Ислам Абази, денеска за првпат се појави во јавност, порачувајќи дека ќе работи професионално. На прашањето за негова наводна блискост со ДУИ, тој одговори дека не е близок со Али Ахмети, иако се од исто село, како и дека нема никаква врска со партијата. Но, тој рече и дека нему како обвинител не му е забрането да се дружи ниту со некој од ДУИ, ниту пак со други.

Но, само неколку часа подоцна, се појавија низа фотографии на кои се гледа Абази во дружење и неформална атмосфера со истакнати функционери на партијата. На една од фотографиите Абази е со поранешниот градоначалник на Гостивар и долгогодишен член на ДУИ, Невзат Бејта.

ФОТО: Абази има цела галерија со функционери на ДУИ, а тврдеше дека нема контакт со никого од партијата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот