Јелена Ѓоковиќ ги засени сите жени на Санремо и покажа зошто светот и се восхитува (ФОТО)

Јелена и Новак Ѓоковиќ синоќа се појавија на престижниот музички фестивал Санремо.

И додека Новак го воодушеви присутните кога ја запеа песната од Ерос Рамацоти на италијански јазик, Јелена Ѓоковиќ привлече погледи и собра комплименти на својот изглед.

Јелена е позната по тоа што го негува природниот изглед и токму поради тоа и се восхитуваат жените ширум светот. Со дискретна шминка, коса собрана во плетенка и со широка насмевка на лицето ги воодушеви сите присутни, додека светската јавност ја пофали нејзината скромност и природност.

Таа на себе имаше бело сако, а стајлингот го надополни со минималистички накит.

Додека Ноле пееше на бината, сопругата го бодреше од публиката, не тргајќи ја насмевката од лицето.

View this post on Instagram

❤️? from Sanremo festival ??

A post shared by Jelena Djokovic (@jelenadjokovicndf) on

Кога Новак се врати на своето место, покрај Јелена, брачниот пар Ѓоковиќ направи селфи кое за само неколку часа собра повеќе од десетици илјади лајкови.

Поздрав од фестивалот Санремо, порача Јелена

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот