Ладно време/ Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Јануари просечно топол и сув месец

Согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во земјава, јануари е просечно до топол месец во однос на температурите и просечен до многу сув во однос на врнежите доколку се спореди со многугодишните просечни вредности (1991-2000), информира УХМР.

Месечната температура се движеше од 0,9 во Битола до 5,9 степени во Гевгелија. Споредено со просечните јануарски месечни температури, за триестгодишен период (1991-2020), годинашната беше 1,7 степени над просечната, на ниво на држава. Највисоката максимална температура беше измерена на 25 јануари во Гевгелија и изнесуваше 18,9 степени, а најниската во Берово, на 19 јануари и изнесуваше -12,6 степени.

Во јануари 2025 година месечната количина на врнежи во државата изнесуваше од 6 милиметри во Штип до 81 милиметар во Маврово. Врнежите беа од дожд и снег и позастапени во втората декада од месецот. Максимално дневно количество на врнежи од 32 милиметри беше регистрирано во Маврово на 13-ти во месецот. На Попова Шапка и Маврово беше измерена максимална снежна покривка од 65 сантиметри и 60 сантиметри на 13-ти во месецот.

Споредено со јануарската просечна вредност за многугодишен период (1991-2020), измерената месечна сума на врнежи беше 47 отсто под просечната на ниво на држава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот