Полагање државна матура Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Јаневска: Очекувам државната матура да помине во најдобар ред и со помалку препишување

Оваа година очекувам се да помине во ред и мир, со многу помалку несакани дејствија односно препишување, што се случуваа во минатото. На учениците им пожелувам среќа и успех и успешна кариера – или на факултетите или на пазрот на трудот, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска претпладнево, на почетокот на полагањето на првиот екстерен испит од државната матура – мајчин јазик и литература.

Во 10 часот денеска почна полагањето на првиот дел од државната матура во средните училишта односно во амфитеатрите на факултетите за оние училишта кои немаат просторни услови.

Јаневска го посети Земјоделскиот факултет при УКИМ каде што полагаат матурантите од училиштата „Марија Кири Склодовска” и „Димитар Влахов” , како што рече, на увид како се одвиваат процесите.

-Се е во ред, им благодарам на Земјоделскиот факултет и на сите други факултети и другите универзитети што излегоа во пресрет на образовните систем. На учениците им пожелувам успешно полагање и добар успех. На тестаторите и набљудувачите им порачувам да си ја извршуваат својата работа одговорно и нагласувам дека законската регулатива е зајакната и не очекувам никој да влезе во ризик за да поднесе некакви санкции, рече Јаневска откако ги посети матурантите што денеска полагаат на Земјоделскиот факултет.

На учениците им порача дека ова е составен дел од нивното образование и оти „нема потреба од какви било стресови”.

-Материјалот го поминале и само требало да го повторат. Од нив очекувам да не користат никакви иновативни методи за да дојдат до точните одговори затоа што тие влегуваат во ризик да изгубат цела година. На учениците им пожелувам среќа и успех и успешна кариера – или на факултетите или на пазрот на трудот, изјави Јаневска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот